Средношколците излегуваат на протести: Ние сме против онлајн настава, бараме комбиниран модел

Сојузот на средношколци одлучи во петок, на само четири дена од почетокот на учебната година од улица да испратат порака до властите дека тие се против одлуката настават да се одвива он-лајн и комбиниран модел е тоа што го бараат во време на пандемија.

Тие веќе му предложиле на МОН комбиниран модел, што подразбира настава со физичко присуство таму каде што дозволуваат здравствените услови.

Сѐ уште не се знае во колку часот ќе биде протестот, но ќе известиме навреме, велат од Сојузот. Додаваат дека ќе се потрудат во маршот да ги вклучат сите родители и наставници кои се „за“ моделот за комбинирана настава.

На заедничката прес-конференција на министрите за образование и за здравство која ја одржаа во вторникот, не беше соопштено дефинитивно кога ќе тргнат децата на училиште бидејќи потребни се измени во Законот кој предвидува должина на час и почеток на учебната година…

Преземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави