Полска ја укинува забраната за летови од Србија, но не и од Македонија

Полска ја укинува забраната за летови од Србија оваа недела, но ограничувањата ќе продолжат да важат до 8 септември за некои земји, вклучително и за Македонија и Црна Гора.

Според „Екс-ју авиејшн“, Полска додава 20 земји на својата листа на забранети летови, на која има вкупно 63 земји, вклучувајќи ги Шпанија, Белгија, Малта и Романија.

Заедно со Србија, забраната е укината за Кина, Сингапур, Русија, Габон и за Сао Томе и Принсипе.

Одлуката стапува во сила в среда.

Тоа ќе ѝ овозможи на полската авиокомпанија ЛОТ да ги обнови летовите кон Белград, а другите прописи и ограничувања остануваат во сила, пренесува „Б92“.

Треба да знаете
Последни објави