Од синоќа во Шарлот почнаа да се собираат делегати за Националната конвенција на Републиканската партија, која официјално почнува вечерва со говорот на актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, јави ДПА.
Планирано е претседателот Доналд Трамп пред делегатите да зборува секоја вечер, а врвот на конвенцијата ќе биде во четврток кога во Белата куќа и официјално ќе ја прифати номинацијата.
Поради пандемијата со коронавирусот, конвенцијата е поскромно организирана, но истата ќе биде придружена со виртуелни настани.
Демократите, минатата недела, на нивната конвенција тврдеа дека одлуките и постапките на Трамп ги влошија и состојбата со пандемијата и расните протести. Националните анкети во моментов покажуваат дека демократскиот кандидат Џо Бајден има преднбост од девет поени.
Но, меѓу републиканците, Трамп е се уште популарен со рејтинг во целата земја од 42 проценти, што е за еден поен повисока популарност од пред една година, пренесува „Гласот на Америка”.
Бајден ја избра сенаторката од Калифорнија Камала Харис за свој потпретседател. Таа е првата црна жена со азијатско потекло што е кандидат за една од двете најголеми партии и се верува дека може да придонесе за привлекување гласови од жените.
Околу салата каде се одржува конвенцијата има силни безбедносни мерки. Конвенцијата не завршува во Шарлот, бидејќи 336 делегати се поканети во четврток во Белата куќа да го следат во живо настанот кога претседателот Трамп и официјално ќе ја прими номинацијата на неговата партија за новиот претседателски мандат.