Членот од СДСМ во Државната изборна Комисија Јанаќе Витаноски и Вецко Здравевски, сопруг на скопска обвинителка, како поранешни лустратори се обвинети во предметот „Моќник” заедно со Антонијо Милошоски, објави СДК.мк.
Според обвинението што денеска го поднесе ОЈО, тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Здравевски и Витаноски се обвинети во делот на лустрацијата на сега покојниот кичевски судија Драги Билески, по нарачка на Милошоски, за што е обвинет и тогашниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев.
Предметот „Моќник“ се однесува на продажна на имот (зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри) во село Ижишта, кој бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница.
Имотот бил продаден на таткото на пратеникот. Штетата што е направена на Општина Македонски Брод и на државниот буџет, според обвинителството, е околу 50 000 евра.