Абе се врати на работа, во текот на неделата двапати беше во болница

По краткиот престој во болница, јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека ќе стори сe за да го зачува здравјето и да се посвети максимално на работата.

Тоа е втора посета на Абе во болница во Токио во последните неколку дена, што предизвика загриженост кај граѓаните.

Во јавноста се зборува дека јапонскиот премиер би можел да си даде оставка поради здравствени проблеми. Еден од кандидатите кои би можеле да го заменат е владиниот портпарол Јошихиде Суга.

Шинзо Абе мораше да ја напушти функцијата премиер во 2007 година од истата причина. Абе им се обрати на новинарите по враќањето од болница.

Треба да знаете
Последни објави