Али Ахмети поврди дека заминува во Приштина каде го чекаат обвинителите на Специјалното косовско обвинителство. Ахмети ќе дава изјава во рамки на истрагата за воени злосторства и злосторства против човештвото по обвинителен акт поднесен против актуелниот косовски претседател Хашим Тачи.
„Ќе одам во Хаг да сведочам како еден од основачите на ОВК“, напиша Ахмети на Фејсбук.
Од специјалното обвинителство за воени злосторства на Косово велат дека сè додека не се поднесе обвинението, не може да се каже зошто и во какво својство е повикан Али Ахмети. Не споделуваат детали, ниту пак се знае кој е обвинет, а кој сведок.
Пред Меѓународниот суд за воени злосторства од Македонија завршија поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, и Јохан Трчулоски како службеник од висок ранг.
Судскиот процес против Бошковски и Тарчуловски е единствениот од вооружениот конфликт од 2001 година и единствениот од Македонија, кој заврши во хашкиот суд. По повеќе од 4 години поминати во пртивот, Бошковски доби ослобидителна пресуда додека Тарчуловки беше осуден на 12 години затвор, но ослободен порано, по издржување на осум години.