Вдовицата на Рајко Дујмиќ од “Нови фосили“: “Сања Долежал си ги чувала парите за себе“!

Само што пред неколку дена беше погребан Рајко Дујмиќ, популарниот шеф на некогашната група “Нови фосили“ медиумите повторно се разбрануваат. И овој пат причината е тажна. Неговата сопруга Сњежана Дујмиќ на ФБ жестоко им се обрати на членовите на овој бенд не штедејќи ги зборовите, а откако Трговскиот суд во Загреб по смртта на Рајко Дујмиќ го прекина процесот кој се водеше меѓу него и членовите на групата „Нови фосили“. Којзнае, можеби Сњежана е и во право?

-Вие не можете веќе со мене, јас веќе не можам со вас. Продолжете да настапувате под името „Нови фосили“ под услов да добијам една четвртина од настапите и концертите. Тоа беше единственото барање на Рајко, кое Сања, Зек и Маринко не го прифатија. Повеќе од пет години траеше судскиот процес, во текот на кој постоеја два обида за вонсудско нагодување. Пред една и пол година, Сања, Зек и Маринко се сретнаа со Стив Цвикиќ во име на Рајко, ветувајќи му дека ќе му дадат на Рајко 500 евра по концерт, но тој договор никогаш не го испочитуваа“, пишува Снежана во својот пост…

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави