Во Романија се потврдени 825 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а 37 лица починаа, соопшти кризниот штаб.
Во последните неколку недели земјата има регистрирано повеќе од 1.000 случаи на ден.
„Аџерпрес“ пренесува дека во Романија се потврдени вкупно 79.330 случаи на коронавирус, а 3.309 лица починале.