Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 57 нови случаи на коронавирус. Три лица починаа.
Тестирани се 7.261 лице.
Според најновите податоци од Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 44 пациенти се приклучени на респиратори во болниците во целата земја.