На ден 22.08.2020 година се организираше симулациска вежба за згрижување и евакуација на болни, повредени и персонал од страна на ПЗУ ACIBADEM SISTINA во случај на земјотрес.
Вежбата ја организираше менаџментот на болницата во соработка со Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување.
Дирекцијата за заштита и спасување во оваа вежба учествуваше со тим за евакуација на пациент со Ковид-19. На оваа вежба беше тестирано интерното упатство за заштита од Ковид-19 донесено од Дирекцијата за заштита и спасување.
Вежбата беше успешно реализирана и доби висока оцена од страна на менаџментот на болницата и Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување.