Кинез од Хонг Конг по 4,5 месеци пак се заразил со коронавирус

Научниците од Хонгконг пријавија случај на здрав маж во 30-ти години кој по четири и пол месеци повторно бил позитивен на коронавирус.

Тие кажаа дека геномското секвенционирање покажало дека двата типа на вирусот се очигледно различни, со што ова е прв докажан случај на повторна зараза на светот. Светската здравствена организација предупреди да не се носат прерани заклучоци врз основа на еден пациент.

На светот досега има 23 милиони заразени со коронавирус. Заразените развиваат имунолошки одговор додека нивните тела се борат со вирусот кој им дава заштита од повторна зараза. Најсилниот имунолошки одговор е пронајден кај најсериозно болните пациенти. Сепак, сѐ уште не е доволно јасно колку е силна оваа заштита и колку трае.

Во извештајот на Универзитетот Хонгконг се вели дека пациентот поминал 14 дена во болница и заздравил од вирусот, а потоа, иако немал натамошни симптоми, по вторпат имал позитивен тест.

Треба да знаете
Последни објави