Кулушевски веќе е ѕвезда во Јувентус

Дејан Кулушевски пристигна во редовите на Јувентус и се појави на првата прозивка на тренерот Андреа Пирло.

Македонецот кој во иднина ќе игра за Шведска стана дел од „бјанконерите“, а навивачите на првата прозивка веќе почнаа да бараат „селфи“ со него. Кулушевски на првиот тренинг пристигна со џип „Jeep“, инаку главен спонзор на Јувентус. Сите играчи имаат такво возило, затоа што се дел од италијанскиот првак. Од Кулушевски се очекува многу во таборот на италијанскиот првак, а во Торино тој доаѓа како најдобар млад играч во Серија А за изминатата сезона.

Заедно со Македонецот на прозивката се појавија и другите нози засилувања, а автограми делеше и новиот тренер на Јувентус, Пирло.

Кулушевски минатата сезона ја мина во Парма во чии редови забележа 10 гола и 10 асистенеции.

Треба да знаете
Последни објави