Лука Дончиќ го одигра својот најдобар плејоф-натпревар во кариерата предводејќи го Далас до неверојатна победа од 135-133 (по продолжение) над ЛА Клиперс, израмнувајќи на 2-2 во оваа серија од Западната конференција.
Далас се врати од „минус 21“ во втората четвртина, Дончиќ уште во третиот период имаше бројки за трипл-дабл, а до крајот на мечот стигна до фантастични 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции. Згора на тоа, Словенецот ги постигна последните седум поени за Далас во последната минута од продолжението, вклучувајќи ја тука и тројката со звукот на сирената за голема радост на Далас.
Со овие бројки, Дончиќ стана втор најмлад кошаркар во историјата што врзал два трипл-дабл натпревари во плејофот, веднаш зад легендарниот Меџик Џонсон. Воедно, Словенецот е најмлад кошаркар во историјата на НБА што стигнал до трипл-дабл со 40 постигнати поени во доигрувањето.
Дончиќ им се придружи на Оскар Робертсон и на Чарлс Баркли на листата на кошаркари кои имале најмалку 40 поени, 15 скока и 10 асистенции на плеј-оф натпревар.
BAAAAAANG! LUKA IS CLUTCH pic.twitter.com/WEmGZaPKLU
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) August 23, 2020