Околу стотина родители и наставници се собраа во Монтреал, повикувајќи ја владата на Квебек да го промени планот за враќање на децата во училиштата, со надеж дека промената е сè уште можна пред да почне наставата.
Загрижените семејства и училишниот персонал вчера одржаа собир пред канцелариите на Министерството за образование во Монтреал, каде бараа построги мерки за безбедност во училиштата и повеќе можности за родителите, јавија канадските медиуми.
За разлика од покраината Онтарио, каде родителите на децата во основните и средните училишта можат да избираат меѓу училиште и учење дома, во Квебек, од децата се бара да одат на училиште освен ако немаат медицинско оправдување.