Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 25 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 32 степени.