Тијаго Силва се сели во Челзи

Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Тијаго Силва наскоро ќе го смени клубот. Бразилецот реши да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Тој ќе потпише двегодишен договор со Челзи, пренесуваат британските медиуми.

Соработката е веќе договорена, остануваат само мали детали. Денес Силва треба да разговара со тренерот на „сините” Френк Лампард.

Претходно во италијанските медиуми беше објавено дека Силва се согласил на договор со Фиорентина.

Треба да знаете
Последни објави