Поголемиот дел од републиканците во САД имаат поубава слика за Америка сега отколку пред четири години поради нивната доверба во претседателот Доналд Трамп, покажува нова анкета, а пренесува „Њујорк пост“.
Тројца од четворица гласачи на Републиканската партија, кои одговориле на анкетата на „Си-би-си њуз“ на национално ниво, рекле дека на нацијата ѝ е подобро сега отколку во 2016 година.
На прашањето зошто веруваат дека на нацијата ѝ е подобро сега, 82 отсто ја навеле својата верба во Трамп, а 70 отсто ја посочиле состојбата на економијата како причина.
Седумдесет отсто рекле дека тоа е затоа што демократите веќе не се на власт, а 64 отсто ги навеле финансиите на своето семејство. Се на се, 35 отсто од регистрираните гласачи кои биле анкетирани рекле дека на земјата ѝ е подобро сега отколку пред четири години.
Анкетата била спроведена помеѓу 19 и 21 август на примерок од 2.226 регистрирани гласачи низ целата земја.