Флик од времено решение на клупата стана креатор на моќниот Баер

Ханси Флик е креаторот на моќниот германски бундеслигаш баерн Минхен, кој сезонава која беше со прекини поради пандемијата од коронавирусот, сепак на крајпот ја заврши со „триплета“, второ на Баварците во клупската историја, освојувајќи ги Бундеслигата, националниот Куп и Лигата на шампионите.

Со овој резултатски подвиг Флик се најде во друштво на Роберто Ди Матео и Зинедин Зидан кои иако беа привремено решение кога ја добија довербата да седнат на жешките тренерски столчиња на крајот станаа трофејни стратези. Флик  го наследи Нико Ковач и го вивна Баер до шампионските височини по катастрофалниот почеток на сезоната. Ди Матео тоа го стори со англискиот Челзи, додека Зидан ваков поход кон врвот на Европа направи со Реал Мадрид.

Ковач доби отказ на 3 ноември 2019 година, кога анонимниот во тренерските води Флик како времено решение ја прифати понудата да ги вади „жешките костени“. Флик како играч има 104 настапи за баварците. Во тоа време за Флик се знаеше дека ја има тренирано Викторија Баментал и со неа испадна во шестата лига но и дека ги предводел и Сандхаузен и Хофенхајм во третата лига од кого добил и отказ. Во меѓувреме добива тренерска А лиценца и работи како тренер во младинските категории во Германската фудбалска федерација, му беше помошник на Јоаким Лев кога Германија беше светски и европски вицешампион (2000 и 2010) како и кога „панцерите“ ја освоија светската титула во 2014 година.

Неговото деби на клупата на Баерн беше во Атина на гостувањето кај Олимпијакос во Лигата на шампионите во кое остави неубедива победа. Бидејќи беше сигурен дека до крајот на 2019 година ќе биде на клупата, Флик тивко работеше додека челниците на тимот беа растрчани во потрага по нов тренер.

Баерн станува најефикасната екипа во ЛШ со 43 гола на 11 натпревари, а најдобри се и по бројот на создадени големи шанси (54) и шутеви (16.5 по натпревар). Просечниот посед на топката изнесуваше 64.2% по натпревар, а имаа неверојатни 87.9% точни додавања на 11. натпревари.

Откако челниците на екипата се уверија каков тренер имаат на клупата, веднаш потпишаа четиригодишен договор.

Треба да знаете
Последни објави