(Фото) Се судрија три автомобили на Партизанска, едниот се забил во столб

Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата од  булеварите Партизански одреди и 8 Сетември во Скопје, соопшти МВР.

– Во сообраќајната незгода учествуваа „мерцедес“, „хонда“ и „БМВ“, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР.

Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза”, а еден во болницата „Свети Наум Охридски”.

Треба да знаете
Последни објави