Претседателот на ДУИ, Али Ахмети потврди за телевизија „Клан Македонија“ дека нема промени во тимот што ќе ја претставува партијата во новата власт.
Стручните тимови на СДСМ и ДУИ денеска ги усогласиле предизборните програми на обете партии со спојување во заедничка програма на Владата на премиерот Зоран Заев, која се очекува се изгласа во наредните денови.
И покрај шпекулациите за незадоволство во ограноците на Интегративците во Сарај и Чаир, списокот со предлози за вицепремиер и министри на ДУИ останува онаа што претходно доби зелено светло на партиските органи.
Ахмети за Телевизија Клан Македонија изјави дека дебатите за формирање на власта се дел од, како што го нарече, функционирањето на внатрепартиска демократија. Затоа, во новиот владин кабинет, Интегративците на крајот ќе ги претставуваат Фатмир Бесими, Бујар Османи, Артан Груби, Насер Нуредини, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири.
-Овој тим ужива поддршка од целата наша парламентарна група, рече Ахмети.