Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се вкупно 127 случаи на зараза со корона вирус, од кои 35 се во Федерацијата, 90 во Република Српска и двајца во Дистриктот Брчко.
Во Федерацијата биле тестирани 779 примероци, од кои 35 позитивни. Вкупно досега се тестирани 110.732 примероци,а потврдени 10.867 позитивни случаи.
Излечени се 7.628 пациенти од кои 111 во последните 24 часа. Активни се 2.942 случаи.
Вкупно во Федерацијата починаа 297 пациенти.
Во Република Српска биле тестирани 718, а потврдени 90 случаи.
Пријавени се и два смртни случаи, со што вкупно починале 232 лица. Заразени се вкупно 6.886, а оздравеа 4.034. Тестиранис е вкупно 61.411 лица.
Во Брчко забележани се два случаи, а почина едно лице.