Во САД над 34.000 нови случаи на Ковид-19

Во САД се потврдени 34.567 нови случаи на коронавирус, соопшти универзитетот Џон Хопкинс.

Вкупниот број на случаи потврдени во САД моментално изнесува 5.703.586.

Во последните 24 часа уште 449 луѓе починале од коронавирус, а од почетокот на пандемијата во САД починале вкупно 176.808 луѓе, објави Си-ен-ен.

Податоците вклучуваат случаи од сите 50 сојузни држави, Дистриктот Колумбија и други територии на САД, како и случаи на лица повратници во земјата.

Треба да знаете
Последни објави