Капело: Јувентус не учи од грешките

Легендарниот италијански фудбалски тренер Фабио Капело го прозва повеќкратниот шампион во серија А, Јувентус бидејќи лесно се откажа од услугите на Кингсли Коман, кој на Баерн му ја донесе европската титула. Французинот Коман од ПСЖ  во 2014 година како слободен играч досјде во редовите на „старата дама“, но после само една година беше продадеб во Баерн Минхен за 30 милиони евра.

-Коман се смета за доволно добар за да стратува во финале на ЛШ. Очигледно Јувентус ги повторува своите грешки. Анри дојде млад во Јувентус, потоа го пуштија за да си замине, а тој блесна во Арсенал. Коман сега има сличен пат во Минхен, вели Капело и  додава:

-Кога ќе се воочи квалитет мора да се биде трпелив. Не можете да очекувате млад играч веднаш да биде главен актер на големата сцена, е поракат на Капело за луѓето од Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави