На плеј-оф пресметката меѓу Милвоки и Орландо и доаѓа крајот. Јанис Адетокумбо и неговите соиграчи не дозволија изненадување, славеа со 121-106 и поведоа со 3-1.
Милвоки имаше „благо“ водство од самиот старт на мечот, до првата поголема водство дојде на почетокот на последната четвртина кога со серија до 15-0 се искачи на плус 19 (102-83). На другата страна Орландо го искористи отсуството на грчкиот кошаркар, кој замина на краток одмор, со серија 14-3 се обиде да ја врати неизвесноста. Токму поради ова Адетокмупно не остана долго на клупата. На крајот зад своето запиша 31 поени, 15 скока и 8 асистенции, Мидлтон имаше 21 поен и 10 скока.
Во редовите на Орландо, најдобар повторно беше Црногорецот Вучевиќ, со 31 поен, 11 скока и 7 асистенции.