Oпштина Струмица годинава по петти пат објави јавен повик во рамки на Програмата „Општинско-корисна работа за образовни и лични асистенти на ученици со попреченост”.
Проектот е поддржан и финансиран од страна на УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Општина Струмица.
По извршената селекција од Работното тело на програмата ќе бидат финансирани шест асистенти, од кои четворица образовни и двајца лични асистенти со 80 отсто учество и со 20 отсто учество од Општина Струмица, како и осум асистенти, од кои еден образовен и седум лични, кои ќе бидат целосно финансирани од страна на Општина Струмица.
Тие ќе бидат ангажирани во наставата на деца со попреченост вклучени во редовниот образовен процес според протоколите што ќе бидат дефинирани од страна на Министерството за образование.
Општина Струмица прва во државата почна со ангажирање на лични асистенти пред пет години.