Рускиот амбасадор во Австрија прогласен за персона нон грата

Австрија за првпат донесе одлука еден руски дипломат да биде прогласен за персона нон грата.

Тој од 1 септември ќе мора да ја напушти Австрија, а се работи за, како што пренесуваат медиумите, врв на една шпионска афера, која австриските експерти ја сметаат за многу тешка.

Рускиот дипломат е осомничендека со години се занимавал со економска шпионажа, пред се на хај-тек компании.

Аферата е откриена откако неговата врска со Австриец станала незгодна и тој пријавил се кај својот шеф.

По пријавата дошло до судење, а за време на процесот Австриецот навел име на еден руски дипломат како офицер за врски.

Русинот се повикал на дипломатскиот имунитет и одбил да даде изјава.

Треба да знаете
Последни објави