Тирана предупредува дека можно е да се повтори сцената со дронот од Белград на дуелот со Ц.звезда

Фудбалскиот првак на Албанија, Тирана кој утре во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе игра со српскит шампион Црвена звезда пред празно гледалиште пријавил во полицијата дека има сознанија оти постои опасност од неочкувани случувања со политичка позадина, поради што УЕФА може да ги суспендира. Средбата се игра од 20 часот на стадионот „Аир Албанија“ без публика па дронот е единствената прилика за фанатичните навивачи да приредат скандал и со испраќање на политички пораки кои сигурно ќе придонесат до прекин на мечот.

Ваква сцена се случи во 2014 година во Белград кога играа репрезентациите на Србија и Албанија, па гостински симпатизер со дрон на центарот од теренот спушти знаме на „Голема Албанија“ по што настана општа тепчка меѓу играчите, а се вклучија и домашните навивачи, па српската репрезентација зарабти казна од УЕФА.

 

Треба да знаете
Последни објави