На магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Песочан, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57 годишно лице од с.Порој, тетовско, возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. М.22 годишно лице од Скопје и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29 годишен скопјанец.
Во незгодата, со тешки телесни повреди опасност по живот се здобила сопатничката во возилото „БМВ“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „БМВ“ и сопатничката во истото возило (24) од Тетово, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.