Уапсени двајца опозицијски лидери во Белорусија по вчерашните најмасовни протести

Белоруската полиција денеска уапси двајца лидери на опозицијата, по најмасовниот протест против резултатите од претседателските избори, на кои Лукашенко освои над 80 проценти од гласовите.

Полицијата го уапси истакнатиот лидер на штрајкот на работниците, Сергеј Дилевски и Олга Ковалкова, помошничка на Светлана Тихановскаја, опозициона политичарка, која беше противкандидат на Александар Лукашенко на претседателските избори.

За потсетување, Тихановскаја по гласањето побегна во Литванија.

И Дилевски и Ковалкова се дел од седумчленото раководство на „Советот за координација“ формирано од опозицијата за да се олесни транзицијата на власта во земјата.

Обвинителите веќе поднеле кривичен случај против советот, тврдејќи дека станува збор за нелегален обид за одземање на власта, а Лукашенко вети дека ќе преземе „соодветни мерки“ против истиот.

Треба да знаете
Последни објави