Oд БЕГ бараат зголемување на цената на парното поради околу 10 илјади домаќинства исклучени од мрежата, а кои од крајот на март лани не плаќаат паушал, објави Сител.
Од Регулаторна пак тврдат дека се прават напори цената да остане иста. Новата цена ќе се знае до крајот на неделава. РКЕ се уште ги разгледува забелешките од БЕГ.
– Се анализираат забелешките на компаниите и ги соочуваме аргументите. Од една страна има притисок врз цената што го прават исклучените од парно кој веќе не плаќаат ниту денар за топлинска енергија и наша заложба е да се заштитат потрошувачите во оваа комплексна состојба на корона криза со здравствено економски последици. Уверуваме дека нема да се одрази негативно ослободувањето на исклучените од парно и нивните сметки нема да се зголемат поради овој притисок, велат за Сител од Регулаторната комисија за енергетика.
Од БЕГ пак тврдат дека пријавените трошоци до РКЕ се реални и треба да им се признаат.
– БЕГ при поднесување на барањето за цена до Регулаторна бара признавање на реално остварените трошоци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, се вели во дописот од компанијата.