Во Хрватска 219 нови случаи на Ковид 19

Во изминатите 24 часа се забележани 219 нови случаи на зараза од САРС-КоВ-2 и моментално бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 2.232, соопшти Хрватскиот национален штаб. Меѓу нив 167 пациенти се на болничко лекување, од кои 9 се на респиратор.

Две лица починале во изминатото деноноќие.

Од 25 февруари 2020 година кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денес вкупно се забележани 8.530 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 175 починале, а 6.124 се опоравиле.

Во самоизолација моментално се 7.815 лица.

До денес вкупно се тестирани 154 159 лица, од кои 1.977 во последните 24 часа, соопшти хрватските власти.

Треба да знаете
Последни објави