За неколку дена ќе се навршат точно 23 години од смртта на една од најомилените личности од британското кралско семејство, принцезата Дајана.
Околу полноќ на 31 август автомобилот во кој се наоѓала принцезата Дајана, поради неприлагодена брзина и поради возачот кој бил во алкохолизирана состојба, се удрил во еден од столбовите во тунел во Париз. Во истиот момент загинале партнерот на Дајана, Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол.
Единствено телохранителот Тревор Рес-Џонс ја преживеал несреќата, додека Дајана загинала четири часа подоцна во болница.
Во минутите по несреќата, во полусвесна состојба на задното седиште, Џонс вели дека Дајана тивко го довикувала Доди. Таква ја снимиле и папараците кои ги следеле низ цел Париз.
И пожарникарот кој прв стигнал на местото на трагедијата ги опишал последните моменти на принцезата Дајана.
Ксавиер Гурмелон открива дека принцезата била при свест кога ја извадил од уништениот автомобил.
„Бевме многу блиску до местото на несреќата и само три минути им беа потребни на членовите од мојот тим да ја извадат Дајана. На неа немаше ни малку крв. Ја фатив за раката за да ја смирам, а таа ме праша: Господе, што се случи? И дадов малку кислород и брзо ја извадивме од возилото.“
Околу еден часот информацијата за несреќата стигнала и до палатата, каде што на Чарлс му е јавено дека Дајана имала сообраќајка, но дека само ја скршила раката…
Преземено од Курир