Кошаркарот на Далас, Кристапс Порзингис ќе го пропушти петтиот натпревар во серија со Лос Анџелес клиперс во 1. коло од НБА плејофот.
Порѕингис нема да може да игра поради повреда на левото колено, објави „ЕСПН”.
Претходно, напаѓачот од Летонија веќе го пропушти четвртиот натпревар поради повредата.
Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-2.
Петтиот дуел меѓу Далас и Клиперс ќе се одигра вечер во 3 часот по полноќ.