Ракометарите на Вардар, како и целиот стручен штаб на поранешниот европски шампион, негативни се на Ковид-19 тестирањата направени денес, дознава „MMС.мк“.
Освен веќе потврдениот случај со Стојанче Стоилов, ниту еден член на скопскиот гигант нема коронавирус и не чувствува никакви непријатности и симптоми.
По вчерашниот утрински тренинг, Стоилов се пожалил на омалаксаност и покачена телесна температура и веднаш бил тестиран. Тестот бил позитивен, но Стоилов немал никакви други симптоми.
Вардарци од утре се враќаат на регуларните тренинзи и продолжуваат со подготовките и обврските во СЕХА лигата и натпреврот против хрватски Нексе.