Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која беше позитивна на тест за коронавирусот, е пренесена на интензивна нега и е во критична состојба.
– За жал, сè уште немаме добри вести. Состојбата на Јулија Владимировна сè уште е тешка. Од минатата ноќ, таа прима терапија на интензивна нега според протокол за лекување на Ковид-19″, информира нејзината портпаролка Марина Сорока на својот профил на Фејсбук.
Таа пред два дена потврди дека Тимошенко е позитивна на коронавирусот и оти била однесена во болница со треска.
Таа е првиот украински политичар што е заразен со коронавирусот.
Тимошенко двапати беше премиерка на Украина од 2005 до 2010 година.