Универзитетите во Пекинг се подготвуваат да ги тестираат студентите за коронавирус кои пред почетокот на новата учебна година се враќаат на факултетите
Наставата на универзитетите треба да почне на 9 септември, а трошоците за тестирање на сите 600.000 студенти ќе ги сносат универзитетите.
Надлежните здравствени власти во Кина соопштија дека и денеска, деветти ден по ред, не се регистрирани случаи на локално пренесување на коронавирусот во земјата, но дека има 14 заразени кои пристигнале од странство.