Флавио Бријаторе позитивен на коронавирус, итно сместен во болница

Италијански бизнисмен Флавио Бријаторе е позитивен на коронавирус и е итно хоспитализиран, а неговата состојба е сериозна, пренесува италијански L’Espresso.

Моќниот бизнисмен е сместен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Бријаторе не е на интензивна нега, но неговата состојба е сериозна, пренесуваат италијанските медиуми.

Тајкунот изрази бунт во деновите пред неговата хоспитализација, истакнувајќи дека мерките кои се во сила поради пандемијата на коронавирус се премногу строги.

Тој протестираше затоа што нема ноќен живот, а и му пречеше што неговиот клуб „Билионаре“ на Сардинија е затворен на 17 август.

https://www.instagram.com/p/CD6GGETpwjh/

Како што се наведува, Бријаторе бил на фудбалски натпревар со ВИП-личности на 15 август, во хотелот „Кала ди Волпе“ во Порто Черво, заедно со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, кој е исто така позитивен на коронавирусот.

Флавио се смета за некој кој обожава млади девојки, а последна во серијата за која велат дека е во врска со него е 46 години помладата Марија Лудовика Кампања (24) од Милано.

Треба да знаете
Последни објави