Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги остави на немилост скопјани на комарците среде лето. Скопје има градоначалник чија опасна неспособност го загрозува здравјето на скопјани. Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје. Обично прскање против комарци се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов.
Не е за чудо интервентното прскање против комарци да се претвори во вносен бизнис на структури на власта како и се друго. Тоа што прво се создава проблем, а дури потоа се решава откако ќе се загрози здравјето на скопјани покажува дека Скопје има неспособен градоначалник. Комарците среде се изненадување за Шилегов што само покажува дека не ја сработил домашната задача. Тоа покажува и дека Скопје има градоначалник популист и површен политичар кој го довлекува вниманието од вистинските теми важни за скопјани.