Ахмети: Заев се извини за тоа што рече дека гласовите на Албанците не вредат пет пари

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети Зоран Заев се извинил за тоа што во „бомбите“ кои беа објавени во изборната кампања рече дека гласовите на Албанците не вредат пет пари, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
-Сигурно лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се израдува со победата на ДУИ на последните предвремени парламентарни избори, рече Ахмети.

Тој додаде дека, сепак, СДСМ и ДУИ направиле доста работи заедно за тригодишниот мандат колку што траеше последнот владин состав.

-Заедно сме направиле многу работи и партнерството со СДСМ треба да продолжи, рече Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави