Ахмети: Иако никој не веруваше, премиер Албанец ќе биде реалност

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Click Plus“ на ТВ21 рече дека партијата ќе даде зелено светло за новиот состав на Владата, како и дека идејата дека ќе има премиер Албанец ќе стане реалност.

-Нема несогласувања во ДУИ, сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада, рече Ахмети со што ги отфрли како невистинити пишувањата на одредени медиуми дека кај интегративците има несогласувања и дека виси гласањето за новата влада со која ќе раководи Зоран Заев.

Според него, во Владата можеле да бидат и лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши.

-Сакав да им понудам на Села и Гаши да станат дел од Владата, но тие не се појавија на заедничката маса која ја организирав по повод 19 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.Иако никој не веруваше во идејата дека ќе има премиер Албанец , тоа ќе стане реалност, рече Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави