Актуелниот македонски, регионален и европски ракометен првак во машка конкуренција скопски Вардар на претстојниот реванш натпревар од четвртфиналето во СЕХА лига против хрватски Нексе, ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој е позитивен на коронавирус.
Стоиолв се чувствува добро и е во домашна изолација.
Дали покрај Стоилов тренерот Стевче Алушовски нема да ги има на располагање и повредените бекови Ловро Јотиќ и Крстијан Дисингер. Дали ќе има и други отсутни од овој меч ќе се знае по добивањето на резултатите од тестовите за коронавирусот.
По првиот натпревар Вардар има предност од еден гол (31:30). Реваншот Вардар – Нексе е закажан за в сабота во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 20:15 часот.На завршниот Ф4 турнир во задар пласман веќе обезбедија ППД Загреб, Брест Мешков и Веспрем.