(Видео)На Ѓоковиќ му беа потребни 100 минути да го победи Бернкис

Светскиот  тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ со победа се врати на тениските терени, откако за 100 минути игра на Мастерсот во Синсинати го совлада квалификантот Ричардс Бернкис од Литванија со 7-6, 6-4. Бранителот на титулата Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на мастерсот Синсинати.

Најдобриот тенисер во светот имаше проблеми да го фати вистинскиот ритам откако по долгата пауза тенисот повторно се врати.

Во првиот сет Новак прв го загуби сервисот и играше непостојано. Сепак, навреме се врати и во 13-от гем стигна до мини-брејк и го доби првиот сет. Во вториот беше многу подобар, одлично сервираше и со еден брејк го реши прашањето на победникот.

За пласман во четвртфиналето, српскиот ас ќе се сретне со Тенис Сандгрен.

Изненадување приреди Филип Крајиновиќ, кој го декласира вториот носител, Австриецот Доминик Тим (6-1, 6-2).

Треба да знаете
Последни објави