(Видео) Дволичниот Шекил прво го омаловажи, а потоа го привлекуваше вниманието на Дончиќ со неколку словенечки зборови

Изминативе два дена две различни изаднија на легендарниот Шекил О’Нил во однос на младиот словенечки кошаркарски интеранционалец Лука Дончиќ. Шекил најпрво беше неавредлив кон одличното издание на Дончиќ во четвртфиналниот меч помеѓу далас и ЛА клипер, нарекувајќи го  „ништо посебно“, а потоа му се додворуваше за време на интервјуто.

Со ваквиот дволичен однос О’Нил го навлече гневот на јавноста. Дончиќ коментираната средба која не требаше ни да ја игра поради повреда на зглобот, ја заврши со 43 поени, 17 скока. Овие статистички бројки за учинокот на Дончиќ, Шекил ги прокоментира дека не се ништо ново во НБА и дека не треба да се крева толку врева. Но истиот тој Шекил имаше сосема поинакв натап кога го интервјуираше Дончиќ и се обиде да да го привлече неговото внимание со искажување на некои  словенечки зборови.

Како се имате…“, беа зборовите со кои Шекил си го „скрши“ јазикот, што, пак, предизвика огромно смеење кај неговите колеги во студиото.

Во продолжението на интервјуто, Словенецот говореше како играњето пред полни трибини и непријателски настроени противнички навивачи максимално го подготвиле да биде психички стабилен во НБА. Исто така, Дончиќ се потсети на средбата лани во декември, на која во првите редови бил Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, кои набрзо потоа трагично настрадаа во хеликоптерска несреќа и на „треш-токот“ на легендарниот кошаркар што му го упатил на словенечки јазик.

https://youtu.be/Smnw5A9yo4s

Треба да знаете
Последни објави