Спасувачите денеска извлекоа четиригодишник од урнатините на станбената зграда што се урна вчера во западна Индија, при што загинаа 13, а сè уште трагаа по 60 лица.
Толпите што ја гледаа операцијата за спасување во Махад аплаудираа кога момчето беше извлечено и го носеа на раце до амбулантната носилка.
Во вечерните часови, тринаесет тела биле пронајдени во урнатините на зградата со 47 станови, им рече на новинарите Сахидананд Гавде, портпарол на Националните сили за управување со катастрофи.
Десетици луѓе сè уште се затрупани, но „никој не знае колку точно има“, изјави за АФП полицискиот началник во Махад, 120 км јужно од Бомбај, под услов да остане анонимен.
Властите првично се плашеа дека околу 200 луѓе се наоѓаат под урнатините, но подоцна го намалија бројот, бидејќи многу жители не биле дома во моментот на несреќата.