Во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 21 случаи на инфицирани лица со коронавирусот, што е за седум повеќе отколку преходниот ден, но со поголем број тестирани.
Тестирани се 1.370 лица од кои 21 примерок бил позитивен, објави словенечката влада. Претходниот ден со 543 тестови беа потврдени 14 новозаразени.
Меѓу новозаразените се две деца на возраст од пет до 14 години, и три млади лица на возраст од 15 до 24 години.
Во моментов во словенечките болници се хоспитализирани 17 заболени од Covid-19, а ниеден нема на одделите за интензивна нега. Еден пациент во понеделникот бил отпуштен од болница, а не е забележан ниеден смртен случај.
Во Словенија во моментов активни се 414 случаи на коронавирусот, а со тестирањата од почетокот на епидемијата потврдени се 2.686 случаи, од кои починале 133 пациент.