Во Ѓорче забрането сушење алишта во дворови со поглед кон улици

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на својата фејсбук-страница соопшти дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред, со кои се забранува сушењето алишта во дворовите во општината кои имаат поглед кон улица или кон плоштад.

-Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, напиша Наумовски во коментар под објавата.

https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce/posts/2244773859002772

Треба да знаете
Последни објави