Загина командос, а 35 цивили се повредени од експлозија на автомобил-бомба во северен Авганистан

Експлозија на автомобил-бомба  во северната авганистанска покраина Бахл, наменета за единица командоси, повреди многу цивили, соопштија авганистанските власти, јави ДПА.

-Во инцидентот загина еден командос, а шестмина други се повредени, изјави портпаролот на 209-от воен корпус на Шахен, Ханиф Резаи.

„Околу 35 цивили се повредени кога возило експлодирало во близина на базата на командосите во областа Балх, а експлозијата уништи и голем број цивилни куќи и продавници”, додаде Резаи.

Германската агенција додава дека се уште не е потврдена точната бројка на починати и повредени лица, а ниту една група не ја презеде одговорноста за инцидентот, иако сомнежите повторно паѓаат на Талибанците, кои со месеци се активни во областа Бахл.

Треба да знаете
Последни објави