Со фрегата, подморница и шест Ф-16 од грчка страна, уништувач од американска морнарица и хеликоптери на воената морнарица на двете земји се одржа заедничка аеронаутичка вежба на Грција и САД во морскиот дел јужно од островот Крит, јави дописничката на МИА.
Како што соопштија од Генералштабот на грчката армија, вежбата е во рамките на стратешката соработка меѓу двете земји.
-Активноста ги демонстрира во пракса долгогодишните силни врски меѓу двете земји кои континуирано се зајакнуваат и дополнително придонесе во зголемувањето на нивото на оперативната подготвеност, борбената способност и соработката на силите учеснички како на меѓудржавно, така и на сојузничко ниво, соопштуваат од Генералштабот на грчката армија.