Кандидатот за амбасадор во Брисел прободен со нож од сопругата

Семејна драма која завршила со насилство и напад со ладно оружје се одигрувала во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на Македонија во Брисел, објави Вечер.мк.

Инцидентот се случил вечерта на 20-ти август кога Игор на сопругата ѝ соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена. Таа прво се онесвестила, а кога тој се завртел да побара помош таа го прободела со нож во грб , а потоа и во раката.

Откако успеал да ја совлада била повикана Брза помош  при што на дипломатот му биле констатирани тешки телесни повреди, а случајот бил пријавен во полиција, додека од страна на дипломатот поднесена била кривична пријава за семејно насилство.

Треба да знаете
Последни објави