Победата на Баерн Минхен во финалето на фудбалската Лига на шампионите, според сите добри познавачи на најважната според наработа на светот е очекувана и заслужен епилог во сезоната која Баварците ја завршија трофејно на сите полиња. Тренерот на минатогодишниот европски првак, сега шампион на Англија, Ливерпул, германскиот стручњак Јирген Клоп, вели дека Баерн Минхел имал многу среќа во целокупната ситуација со пандемијата од коронавирусот поради што имаше и неколкумесечен прекин на натпреаврувањата.
-Баерн имаше најдобар распоред во Бундеслигата и оптимално време за подготовки. Сепак, станува збор за одличен тим и сигурен сум дека Баерн ќе имаше големи шанси и доколку играше против нас или Манчестер сити во големото финале, рече тренерот на „црвените“.
Последните два европски шампиони се екипи водени од германски тренери, а дури три од четири полуфиналисти во Лисабон сезонава доаѓат од земјата на четирикратниот светски шампион.